Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Крит. Потресот бил почувствуван во 10.22 часот, на околу 104 километри од главниот град на Крит – Ираклион.
Земјотрес со јачина од 3,3 степени утрово е регистриран и во Албанија, чиј епицентар бил на 19 километри од градот Корча. Албанија минатата година беше погодена од серија разорни земјотреси во кои загинаа над 50 луѓе.
На Балканот денеска е регистиран земјотрес и во Романија со јачина од 3,2 степени. Серија земјотреси изминатиов период се регистрирани и во Хрватска.