Од првиот земјотрес со јачина од 5,5 степени на Рихтер, кој го погоди Загреб и околината во неделата, па се до полноќ во понеделникот, хрватската сеизмолошка служба забележала вкупно 74 земјотреси.
Повеќето од нив, дури 42, се со јачина од 2 степени според Рихтер.
Уште 23 регистрирани потреси се движеле со јачина помеѓу 2 до 3 степени, а шест земјотреси биле од 3 до 4 степени, еден бил на границата од пет, а првиот и најстрашниот е со 5,5 степени, пренесува „Хина“.
Најновиот земјотрес го почувствуваа граѓаните на Загреб и околината во понеделникот во 20.49 часот и беше со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала.