Амбасадорската на Европската унија во Албанија Романа Влахутин изјави дека изградбата на кампови за бегалци нема да биде и не е услов за почеток на преговори на Албанија со ЕУ.
Таа посочи дека единствен услов кој може да биде се доброто управување и подобрувањето на состојбата во Албанија.
На новинарско прашање околу скептичните земји, евроамбасадорката рече дека конечната одлука ја имаат 28 земји членки, но не отфрли други услови кои е можно да бидат дадени околу доброто управување со земјата“.
Влахутин, која беше во посета на општина Голема Малесија, искажа задоволство од реформите во земјата и додаде дека до крајот на годинава се надева оти ќе бидат формирани значајните институции од правосудството.
Таа го акцентираше проблемот со имотите во туристичките зони, но и во други градови, оценувајќи го тоа како итна работа која треба да добие решение и оти за тоа ЕУ дава свој придонес.
И премиерот Еди Рама преку својот профил на фејсбук демантираше дека имало некакво условување со изградба на кампови за бегалци во замена за почеток на преговорите.