Санкциите за Босна и Херцеговина се подготвени, но, тие нема да бидат насочени кон Република Српска, туку кон поединци, политички лидери кои дејствуваат против Дејтонскиот договор, изјави заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Габриел Ескобар на крајот од неговата посета на Босна и Херцеговина.
– Санкциите се на маса и не се само санкции. Постојат и други економски средства што можат да се спроведат, не само против лидерите кои водат антидејтонски активности, туку и против оние кои им даваат економска поддршка. Значи, компаниите што ги поддржуваат – истакна Ескобар.
Според него, Република Српска нема да биде санкционирана, бидејќи луѓето во тој регион доволно страдале. Ескобар наведе и дека нема да има нова војна во земјата.