Во центарот на Белград, зад црквата Свети Марко на Ташмајдан, денеска е откриена голема количина на експлозивни направи и муниција.
Како што информираат белградските медиуми, граѓаните меѓу црквата Свети Марко и зградите во Таковска улица забележале оставен сомнителен ранец и веднаш за тоа ја известиле полицијата. Според првичните информации, во ранецот биле пронајдени две димни бомби, солзавец, спорогоречки фитили за динамит, 20 куршуми и 5 детонарски каписли.
-Ранецот во кој се наоѓало оружјето бил во фаза на распаѓање, што значи дека бил оставен на лоцираното место подолг временски период, преставувајќи опасност за минувачите – информираат медиумите.
Од полицијата информираа дека засега немаат прецизни податоци за откриеното оружје и екслозивните направи, за што се работи, како и дека прават увид на местото каде е откриено оружјето, додавајќи дека нема никаква закана по граѓаните и околните објекти.