Грчките власти запленија 6,5 тони марихуана и големо количество, 258.000 таблети фентилин на реморкер во близина на Крит.
По проверка на добиената информација од Дирекцијата за борба со дрога од грчката полиција, крајбрежната стража ги пронајде наркотиците на ремокерот „Андреас“, кој е запленет и се чува на едно од критските пристаништа, јави дописничката на МИА од Атина.
Марихуаната и таблетите биле добро скриени и спакувани на недостапно место на бродот.
Во координирана акција на грчките власти, ремокерот „Андреас“ на 6 декември 2017 беше запленет, а на него беа тогаш откриени пет тони канабис и беа уапсени шест лица од Сирија, членови на екипажот.
Според Грчаката крајбрежна стража вредноста на запленетите наркотици на нарко пазарот изнесува е околу 150 милиони евра. Тоа е најголемото количество дрога запленето во Грција.