Грција распиша тендер за продажба на најголемото бродоградилиште „Хеленик шипјардс“, кое е под специјална управа, објави Министерството за финансии.
Конзервативната влада вети дека ќе ја преструктуира воената индустрија, која во моментот остварува загуби и истовремено ќе ги зајакне одбранбените способности на земјата во период на зголемени тензии со Турција за изворите на гас во источен Медитеран.
Владата објави дека нејзините планови вклучуваат ремонт на воениот дел од „Хеленик шипјардс“, со седиште во Скарамагас, недалеку од Атина.
Министерството наведува дека интерес за бродоградилиштето во заедничко писмо со намери изразиле американската Меѓународна финансиска корпорација за развој и една грчка компанија.