Несреќа се случи за време на фудбалски натпревар во бугарското село Лесичово, кога гром удри и го усмрти фудбалскиот тренер Иван Ранчев (41).
Како што пренесуваат бугарските медиуми Итната помош можела само да констатира смрт.
Тоа се случило вчера попладне за време на контролниот натпревар помеѓу екипите од Лесичово и Ботево, кога прво почнал да врне силен дожд, а потоа удрил и гром, пренесува порталот „Новините“. Повреден е и еден фудбалер.