Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека компромисно решение за Косово не е на повидок и дека не е оптимист во врска со ова прашање.
На новинарско прашање за тоа што е конечнокомпромисно решение за Косово за кое сите постојано зборуваат, Вучиќ вели:
– Конечно ќе биде тогаш кога ќе биде конечно, а не пред тоа. За тоа ќе зборувам ако биде можно постигнувањње такво решение. Сега нема такво решение и не го добивме. Дали е на повидок? Мислам не!. Не сум оптимист, рече Вучиќ.