Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека се надева оти „малото недоразбирање околу Косово кое настана помеѓу Белград и Софија наскоро ќе биде совладано“.
-Бугарија ја призна независноста на Косово, за сѐ друго имаме добри односи- рече Вучиќ.
Тој смета дека препирките помеѓу Белград и Софија што се случија деновиве се мало недоразбирање.
-Следната недела ќе разговараме и со Бојко. Ние имаме припадници на бугарското малцинство, за кои сакам да се чувствуваат како дома-истакна Вучиќ и изрази уверување дека за кратко време се ќе биде вратено во нормала.