Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека со Резолуцијата 1255 на Советот за бебзедност ОН се предвидува враќање на илјада српски војници и полицајци во Косово, додавајќи дека сепак тој лично често пати бил предупредуван оти со преземањето на ваков чин Србија би дошла во судир со НАТО.
– Доколку Србија се обиде да влезе на Косово со своја војска или полиција, НАТО тоа би го третирал тоа како непријателски акт и ние со тоа би биле во судир со најмоќниот сојуз во светот. Тоа говори колку состојбата е сериозна и колку луѓето не ги интересира правото, туку само силата и фактичката состојба. Јас не говорам често за ова, бидејќи не сакам да ги заморувам граѓаните секој ден, но нема да кажам дека ова е праведно и правично, изјави Вучиќ, одговарајќи на повеќе новинарски прашања во САНУ.
Тој оцени дека единствената цел на Приштина е „на сите начини“ да го заземе северно Косово.
– Сето тоа, како и малтретирањето на Марко Ѓуриќ, беше заради носењето на нивни сили во северно Косово. Тоа им е сонот. Според договорот на Србија со НАТО, тие немаат право со безбедоносни сили да влезат во северно Косово, без согласност на локалните Срби и на НАТО, но веќе двапати користат лажни причини за упад во северно Косово со тешко вооружување, изјави Вучиќ.
Запрашан за ккрајот на мандатот на Еулекс на Косово, Вучиќ одговори дека преставниците на Мисијата ќе останат на Косово, но нема тоа да кажат, бидејќи не сакаат да се замерат со властите во Приштина.
– Ние се надевавме дека тие својата работа ќе ја вршат професионално, но тоа не беше секогаш на највисоко ниво, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија во минатото направила грешка со прифаќањето Еулекс да ја врши нивната функција на Косово, без Србија да добие нешто. Србија требаше да инсистира на Резолуцијата 1244, тоа се грешки од минатото, тоа не може сега да се измени, изјави Вучиќ.
Тој го прокоментира и дијалогот со Приштина, констатирајќи дека „не е оптимист околу престојните разговори со Приштина во Брисел“, но и дека Белград нема да отстапи, „бидејќи разговорите се единственото решение за постигнување компромис“.
Вучиќ додаде дека е загрижен од „честите напади“ врз Србите во Косово, кои ги окарактеризира како „кампања на застрашување“ од локални или високи фунционери, поради тоа што „Албанците стануваат се понервозни“.
Коментирајќи ги наводите на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека Заедницата на српски општини нема да се фомира додека на биде решено прашањето за енергетиката, Вучиќ изјави дека „не постои договор меѓу Белград и Приштина за енергетика. – Енергетиката може да дојде на крајот, но прво да се исполни Бриселскиот договор, истакна Вучиќ.