Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека има сознанија оти косовската војска ќе биде формирана на 28 ноември, кога се обележува Денот на албанското знаме.
– Имам сознанија дека на 28 ноември ќе биде формирана косовската војска – рече Вучиќ на прес-конференција по владината седница со Србите од Косово.
Според него, Албанците имаат намера на Денот на албанското знаме да го прослават и одбележат со создавање војска на Косово,
-Тоа е спротивно и на нивниот Устав и на сите меѓународни договори, и на Резолуцијата 1244 и на кумановскиот договор, и на Бриселскиот договор и на бриселскиот договор кој го имаат со НАТО- изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија нагласи дека Приштина сака да го ограничи делокругот на работата на својата делегација за дијалог со Белград во Брисел, со што се доведува во прашање смислата на тие разговори.
Вучиќ вчера изрази загриженост поради намерата на Приштина да формира Војска на Косово и нагласи дека тоа ќе доведе до дестабилизација на регионот.