Во Хрватска денеска почна протест и блокада на сообраќајницата поради високи цени на горивото.
Протестот почна кратко време по 15.30 часот, а порталот „Индекс“ објави дека демонстрантите за кратко време ги блокирале сите три ленти до кружниот тек на Загреб.
П ретставникот на иницијативата СТОП Дамир Кристијан Рогин, потврди дека за брзата помош ќе се остави слободен премин, како и тоа дека само во Загреб ќе бидат блокирани седум до осум пунктови, во Вараждин два, во Прелог еден, во Пула два, и оти се очекува возила и на автопатот Д1, кој води кон морето.
Полицијата најави дека овојпат ќе ги казнува сите оние кои ќе го блокираат сообраќајот.