Шпанската цивилна гарда соопшти дека во Бугарија уапсен е еден од најбараните шпански дилери на дрога.
Лицето Ј.С.А. е уапсено во Варна, со сменет личен опис додека се подготвувал да одлета за Венецуела.
Тој имал клучна улога во криминалната организација која Европа ја снабдува со кокаин од Јужна Америка и е вмешан во перење на пари.
По Ј.С.А. е распишана потерница уште од 2013 година, а откриен е откако специјални агенти дознале дека се крие во Варна и дека го сменил личниот опис здебелувајќи се повеќе од 50 килограми.
При апсењето кај него се пронајдени лажни документи.