Во Белград синоќа се одржа 13 граѓански протест „Еден од пет милиони“ против власта на претседателот Александар Вучиќ и неговата Српската напредна партија (СНС). Покрај Белград, граѓански потести во четвртокот и во петокот се одржаа и во 70 други градови и населени места ширум Србија.
По традиција, граѓаните протестното шетање низ централните белградски улици го започнаа во 18 часот пред Платотото на Филозовскиот факултет, каде самостојната пратеничка Маринка Тепиќ и Марија Лукиќ, говореа за сексуалното вознемирување од страна на функционери на владеачката СНС.
Организаторите најавија дека темата на протест оваа сабота во Белград е „Улиците на лагите на Александар Вучиќ“ и дека согласно со тоа, имаат подготвено 100.000 налепници со „лаги“ на претседателот на државата, кои граѓаните ги лепеа по улиците низ кои поминува протестниот марш.
Протестите во Белград почнаа откако на 30 ноември почнаа да се одржуваат во Крушевац по нападите врз еден од основачите на Сојузот за Србија (СзС) и врз лидер на Левицата на Србија, Борко Стефановиќ.
Од еден од протестите, упатен е повик за договор и барање до опозицијата да претстави конкретен план за тоа што ќе направи за промена на системот во Србија, за да власта биде сервис на граѓаните.
По ова барање, повеќето опозициски партии и организации им понудија на граѓаните „Договор со народот“ односно предлог мерки за обезбедување на фер избори и враќање на демократските принципи и владеењето на правото по победата над сегашната власт.
Српскиот претседател Вучиќ вчера денот го посвети да одговара на прашања на граѓаните преку Инстаграм, од кои најголемиот број беа посветени на Косово. Тој паралелно, секоја недела ја обиколува државата во неговата кампања „Иднината на Србија“.