Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија за загадувањето на крајбрежјето. Александров, како што пренесуваат бугарските медиуми, со себе го носел својот лаптоп.
Новинарот од Варна бил пронајден удавен мртов во петокот, објави бугарската телевизија Нова. Телото е пронајдено во пределот на неисправната цевка на езерото Варна.
Случајот е предаден на обвинителството.Истрагата за утврдување на причините за смрттаа е во тек. Од бугарското Министерство за внатрешни работи изјавиле дека, според првичнте информации, на телото на новинарот нема траги на насилство.
Александров работел за Дарик радио, бил дописник за бТВ и Нова ТВ. Според непотврдени информации, тој бил во областа поради новинарска истрага за силното загадување во заливот Варна, што предизвика протести на граѓаните.
Бугарската Комисија за енергетика и регулатива за вода започна со увид по сигналот за загадување на заливот Варна со отпадни води, поради пробиен подводен цевковод под притисок.