Бугарската Комисија за борба против корупција и за одземање на незаконско стекнатиот имот ги објави имотните листи на повисоките државни службеници во државата. Во нив се следат податоците за личните приходи, заштедите и имотот со кој располагаат функционерите и политичарите и нивните блиски роднини.
Карактеристично за бугарските политичари е што тие живеат само од платите и главно немаат поголем недвижен и движен имот, или дополнителни приходи.
Претседателот на Националното собрание на Бугарија, Цвета Карајанчева, има 37.900 лева на располагање на крајот од минатата година. Таа и нејзиниот сопруг имаат вкупно 172.834 лева на штедна книшка. Приходите од плата на Карајанчева за минатата година изнесуваа 75.113 лева.
Бугарскиот претседател Румен Радев има остварено 122.723 лева од плата. Тој нема дополнителни приходи, а пријавил заштеда од 20.500 лева. Според анкетните листови, сопругата на претседателот, Десислава Радева, купила автомобил во вредност од 7.000 лева.
Премиерот Бојко Борисов располага со 75.260 илјади лева. На депозитот, премиерот има уште 190.775 илјади лева, плус 5.445 лева, што ги добил од обесштетување. Годишната плата на Борисов изнесува 83.450 лева.
Минатата година, семејството на шефот на Бугарската национална банка, Димитар Радев, има заштеди од вкупно 626.605 лева. Врз основа на приходи од плата, шефот на БНБ добил 264.958 лева.