Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се огласи по акцијата на косовската полиција во Косовска Митровица.
– Ја повикувам меѓународната заедница, НАТО и КФОР, итно да реагираат и да го спречат Албин Курти. Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последен момент во кој е потребна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина. Таквото однесување ги надмина сите мерки и тоа не доведе до работ на хаос – рече Брнабиќ.
Се огласи и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој рече дека оваа акција е „уште една провокација“ од таканаречениот премиер на Косово, Албин Курти.