КОСОВО
Велика Британија, која од 1 август го презема претседавањето со Советот за безбедност во Обединетите нации, има намера да го спречи одржувањето на редовната седница за состојбата во Косово и Метохија, која треба да се одржи во овој месец, пишуваат „Вечерње новости“.
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вели дека е очекуван ваков однос од Велика Британија, која „не е заинтересирана за српскиот став“.
Извори на весникот тврдат дека на оваа намера на Велика Британија жестоко се противат Кина и Русија, но без разлика на исходот генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш подготвува редовен тримесечен извештај за КиМ.
Овие извештаи, според Резолуцијата на Советот на безбедност 1244, се задолжителни, но во неа не се прецизира колку често треба да се поднесуваат. Британија и другите западни земји како САД, Холандија и Шведска, подолго време бараат прашањето за Косово да се симне од дневниот ред на Советот на безбедност.