За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти. Никој не е сериозно повреден, изјавиле за „Танјуг“ од Брзата помош.
Брзата помош имала 112 интервенции синоќа, од кои 30 биле на јавно место.
Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, рече дека во Белград се случуваат ужасни работи.
„Полицијата нормално и рационално ја врати контролата секаде каде се случуваа насилни демонстрации и презеде мерки и активности за граѓаните да имаат слобода и никој да не ги малтретира“, рече тој.
Министерот побара надлежните обвинители да ја завршат својата работа и постапките против насилниците да се спроведат во согласност со законот, што е можно поскоро.