Фрустрираниот Прибе

– Се вратив во оваа земја по повеќе од десет години и морам да признаам дека многу сум фрустриран поради недостигот од прогрес, поради изгубеното време. Многу импресии што ги читам сега се идентични со заклучоците што многу колеги ги напишаа во 2000 година. Затоа ве молам да зборуваме денес, да споделите со нас мислења и сугестии како да се надминат проблемите. Ние ќе извлечеме заклучоци, оваа дебата не е време и место за поединечни случаи, но некои поединечни случаи ќе ни помогнат да ги идентификуваме проблемите во системот – Рајнхард Прибе, по повод извештајот за состојбата во правосудството во Босна и Херцеговина, кој учествува на конференцијата „Право на правда“, која се одржува во Сараево.