Чешкиот премиер Андреј Бабиш предупреди денеска дека Европа мора да го дефинира просторот во кој ги почитува своите вредности што е можно поскоро, а во него и јасна стратегија за Западен Балкан, а со цел да не наметнат влијание други светски сили чии интереси не се исти.
– Потребна ни е јасна стратегија за Западен Балкан, бидејќи ако го немаме, Западен Балкан ќе биде под влијание на други светски сили кои имаат други интереси, различни од нашите – нагласи Бабиш во Прага на конференцијата „Нашата сигурност не се подразбира сама по себе”,
Чешкиот премиер потсети дека неговата држава е шестата најбезбедна земја во светот, а Европа е најдолг период најбезбеден регион, но дека ЕУ мора да изготви стратегија, со цел така и да остане.
-Ние треба да дефинираме простор во кој ќе го браниме нашиот европски континент. Потребно ни е повеќе да разговараме за Шенген и помалку за еврото. Потребно е да го забрзаме пристапот во Шенген за Хрватска, Бугарија и Романија – рече Бабиш на конференцијата за безбедност во Чешка.