Над 600 килограми марихуана заплени албанската полиција во две одделни акции, јавуваат албанските медиуми.
Во приморскиот град Каваја запленети се 562 килограма марихуана на автопатот Рогожина-Каваја.
Дрогата била во комби возило натоварено на друг камион од влечна служба, како наводно да е расипано, со цел да не биде сомнително за полицијата. Уапсено е едно лице, додека по други три лица полицијата сè уште трага.
Во втората акција полицијата во близина на градот Фиер заплени 50 килограми марихуана и уапси неколку лица.