Албанската Влада соопшти дека ги исполнила барањата на студентите во државните универзитети, кои овој месец ја бојкотираа наставата повеќе од две недели.
Во документот се наведува дека Владата одржала вонредна седница и одлучила да ги исполни сите барања на студентите.
Таксите за студирање ќе бидат намалени за најдобрите студенти, кои ќе добијат 10.000 леки (92,5 долари) месечна стипендија. Сите останати ќе плаќаат двојно помали такси.
Пакетот вклучува и зголемување на буџетот, кој се издвојува за државните универзитети, за пет проценти од бруто домашниот производ и подобро сместување на студентите.
Еден од организаторите на протестите, групата наречена „За универзитетот“, изјави дека одлуката на Владата доаѓа многу доцна. Групата не е задоволна од високата такса за магистерски степен.