Поранешниот командант на Генералштабот на ОВК и поранешен премиер и министер за одбрана на Косово Агим Чеку е поканет во Хаг.
Тој ја примил поканата вчера, а во неа се наведува дека треба да се појави на рочиштето пред Специјалното обвинителство во Хаг на 28 септември. За порталот „Коха“, Чеку изјавил дека бил повикан како осомничен.
– Вчера добив повик како осомничен. Патувам на 28 септември – кусо изјавил тој.
Со повикот на Чеку, Специјалниот суд во Хаг го комплетира бројот на поканети членови на Генералштабот на ОВК и најголемиот број команданти на зоните.
Според информациите од Здружението на ветерани на поранешна ОВК, досега околу 250 нивни членови се повикани пред Специјалниот суд како осомничени или сведоци.