Ситуацијата на Косово е тензична, откако околу 50 Албанци од утринава го блокираат приодот до црквата „Света Тројца“, јавуваат српските медиуми.
Албанците, наводно, не им дозволуваат на раселените Срби од селото да го одбележат денешниот празник по кој црквата го носи името. На теренот е присутен и голем број на припадници на полицијата на Косово.
Србите требаше да ги посетат урнатините од црквата и селските гробишта. Верскиот објект изграден во 1992 година, беше демолиран кон крајот на јуни 1999 година, откако на Косово стигнаа италијанските сили на КФОР.
Albanci iz Petriča blokirali Srbima put do Crkve.
Posted by Radio Gorazdevac 102.5 MHz on Понеделник, 28 мај 2018
Врз зголемувањето на тензиите на Косово влијаеше и прекинот на изградбата на патот во заштитената зона на манастирот Високи Дечани, од страна на косовските власти, а на иницијатива на меѓународните претставници.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика странските дипломати на Косово да дојдат во заштитената зона на манастирот Високи Дечани, за да се уверат дека не се гради нов пат, туку се реновира постоечкиот.