Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека дијалогот со Србија е неизбежен и дека е „време да се остават на страна непријателствата, кои предизвикаа трагедии во Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тачи изјавата ја даде на конференцијата на тема „Гласот на народот за „големото финале“ меѓу Косово и Србија“, која се одржува во главниот град на Косово, во организација на Институтот за европски прашаења и развој (РИДЕА).
– Нема сомнение дека доколку оваа година не постигнеме договор ќе влеземе во опасна зона и дестабилизација на регионот. Не можеме да имаме поголеми гаранции од заложбите и пораките на САД – изјави Тачи.
На конференцијата на РИДЕА, на која присуствуваат водачи на косовските институции, партиски лидери и експерти од странство, се презентираат резултатите од испитувањето на јавното мислење во врска со дијалогот во финалната фаза на преговорите меѓу Косово и Србија.