Два земјотреса ја погодија Србија во рок од неколку часа. Во 5.15 часот е регистриран потрес во околината на Крагуевац со јачина од два степена според Рихтеровата скала. Првиот земјотрес е регистриран синоќа во 23.25 часот со јачина од 3,9 степени, со епицентар во околината на Крагуевац.
Во саботата, пак, неколку минути пред полноќ земјотрес со јачина од 3,9 степени го погоди Младеновац.
Ана Младеновиќ од Рударско-геолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, по повод овој земјотрес, изјави дека ситуацијата не треба да се занемари, посочувајќи дека ова не е најсилниот земјотрес што може да го погоди подрачјето.