Приштина – Политичките партии што учествуваат на вонредните парламентарни избори на 6 октомври, се залагаат за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, но ниедна не е за разгледување на идејата за промена на сегашните граници меѓу двете земји.
(Радио Слободна Европа)
Белград – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поведе иницијатива да му се изгради споменик на 28-от претседател на САД Томас Вудру Вулсон на истоимениот белградски булевар, во знак на благодарност, затоа што на четвртата годишнина од објавувањето на војната од Австроунгарското Царство, на 28 јули 1918 година, американскиот претседател донел проглас за одбележување на овој датум Српски ден. (Н1)
Свети Стефан – Синот единец на поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, се ожени завчера со Милена Поповиќ, а на нивната забава, која се одржа на Свети Стефан, настапија Милица Павловиќ, Александра Пријовиќ, Аца Пејовиќ, но и пејачот Хари Мата Хари, кој ја отворил вечерта.
(Вијести)
Атина – Бугарски планинар загина на планината Олимп во централна Грција, соопшти грчката спасувачка служба.
(Макфакс)
Загреб – Ако сега се одржат претседателки избори во Хрватска, актуелната претседателка и кандидатка на ХДЗ Колинда Грабар-Китаровиќ би освоила 28,5 отсто од гласовите, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ 24,8, а на трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 18,2 проценти од гласовите, покажа анкета на „Хрејтинг“.
(Индекс)
Бисер балкански
– Босна ја држи заедно само меѓународната заедница. Ние немаме ништо заедничко, ниту еден датум, ниту еден настан. Ние сме два света. Сето она што за едни е промоција за другите е комеморација. Таму само Нова година и Денот на победата се заеднички! – Милорад Додик, српски претставник во Претседателството на БиХ.