Најмалку седум луѓе загинаа, а 35 се повредени во два верижни судари утрово на автопатот Белград-Ниш, меѓу Ќуприја и Јагодина.
Како што јавуваат српските медиуми, сообраќајот во обете насоки е запрен, а во сударот учествувале триесеттина возила – камиони и автомобили од обете страни на автопатот.
Имено, паралелно се случиле две сообраќајни несреќи, една во насока Белград-Ниш и другата во насока Ниш-Белград.
Во првата сообраќајка од Белград кон Ниш загинале четири лица, а десет се повредени. Во несреќата учествувале повеќе од 10 возила, при што два камиона се запалиле. Тројца од загинатите биле во едно возило со швајцарски регистерски таблици.
Вториот судар се случил на истото место, но во обратна насока, од Ниш кон Белград. Во таа несреќа три лица загинале, а над 10 се повредени. Во сударот учествувале десет камиони и неколку автомобили.
На местото на несреќата се упатени противпожарни возила и медицински екипи.