БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Република Српска е заинтересирана за херметичко затворање на границата за мигрантите и нивна итна депортација од Босна и Херцеговина, порача Милорад Додик, српски претставник во Претседателството на БиХ. Тој се залага и за зголемување на овластувањата на енергетската полиција за да може да се одбранат од „бранот мигранти“.
Додик предупреди дека настаните во среда можеа да завршат со трагични последици доколку некој од полицајците настрадаше во местото Клашници кај Бања Лука, при потрагата за групата мигранти и нагласи дека тоа не смее да се дозволи во иднина, пренесе Б92.
Додик го повтори ставот дека последните години мигрантите се голема безбедносна закана. Тој нагласи дека Република Српска останува приврзана на политиката, која е претходно утврдена, а тоа е да нема задржување на мигрантите на нејзина територија.
– Сите обиди од БиХ и пред сѐ од Сараево, за прифаќањето на предлогот на западните земји мигрантите рамномерно да се распоредат на цела територија, нема да поминат. Во Република Српска нема да се прават прифатни центри, ниту ќе се задржуваат. РС е заинтересирана за херметичко затворање на границите за мигрантите и нивната итна депортација од БиХ – изјави Додик за Н1.