Фото: Џо Бајден / инстаграм

Актуелниот американски претседател Џо Бајден денеска објави дека ќе се кандидира за претседателските избори во 2024 година.

Со најавата на кандидатурата во форма на триминутно видео кое започнува со еден збор: „слобода“ – официјално почна кампањата за реизбор на Бајден.

Видеото ги поврзува сликите од немирите на 6 јануари во Капитол со протестите поради одлуката на Врховниот суд за поништување на правата за абортус.

Бајден тврди дека правата на абортусот, одбраната на демократијата, избирачките права и мрежата на социјална заштита ќе бидат меѓу најважните прашања на изборите во 2024 година.

– Секоја генерација Американци се соочи со момент кога мораше да ја брани демократијата, да се залага за личните слободи и да се залага за гласачките права и граѓанските права. Ова е нашиот момент – истакна Бајден.

Тој го претстави и слоганот за изборите во 2024 година, кој гласи: „Да ја завршиме работата“.