Американскиот претседател Џо Бајден ќе има средба со кинескиот лидер Си Џинпинг на маргините на состанокот на Г-20 на Бали на 14 ноември, соопшти денеска Белата куќа.
„Лидерите ќе разговараат за напорите за одржување и продлабочување на линиите на комуникација“, како и за тоа како „одговорно да управуваме со конкуренцијата и да работиме заедно онаму каде што се усогласуваат нашите интереси, особено на транснационалните предизвици“.
Тоа го наведе во соопштение портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.