Претседателот на САД синоќа објави соопштение во кое се вели дека ја продолжува важноста на извршната наредба во однос на Македонија потпишана лани на 8 јуни.
-Со извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 година, претседателот прогласи национална вонредна состојба во однос на Западен Балкан во согласност со Законот за меѓународни итни економски овластувања (50 U.S.C. 1701) за да се справи со вонредната закана по националната безбедност и надворешната политика на САД, а поттикнати од дејствија на лица вклучени или кои помагаат, спонзорираат или поддржуваат екстремистичко насилство во поранешна Република Македонија (сегашна Република Северна Македонија) и на други места во регионот на Западен Балкан – се наведува во документот.
Се укажува дека наредбата се респространува и на лица и дејствија вклучени во спречување или спроведување на Дејтонскиот договор за БиХ, (Резолуција 1244) на Советот за безбедност на Обединетите нации од 10. јуни 1999 година), и за Косово.
Претседатлот на САД подоцна ја измени таа наредба во Извршна наредба 13304 од 28 мај 2003 година, за преземање дополнителни чекори во однос на одредени дејствија кои го попречуваат спроведувањето, меѓу другото, на Охридскиот рамковен договор од 2001 година во врска со Македонија (сегашна Република Северна Македонија).
-На 8 јуни 2021 година потпишав Извршна наредба 14033 со која се прошири опсегот на националната вонредна состојба прогласена во Извршната наредба 13219, изменета со утврдување дека ситуацијата на територијата на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан), во последните две децении, вклучително и поткопувањето на повоените договори и институции по распадот на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, како и широко распространетата корупција во различни влади и институции во Западен Балкан, го спречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, и со тоа претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на САД – се вели во документот.
Се додава дека активностите на лицата кои ги загрозуваат напорите за мир и меѓународната стабилизација на Западен Балкан, вклучително и актите на екстремистичко насилство и активност на опструкции во ситуацијата на Западен Балкан, кои спречуваат напредок кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.
-Поради ова националната вонредна состојба прогласена во Извршната наредба 13219, според која беа преземени дополнителни чекори во Извршната наредба 13304, а која беше проширена во опсегот во Извршната наредба 14033, мора да продолжи да важи и по 26 јуни 2022 година. Затоа, во согласност со делот 202(г) од Законот за национални итни случаи (50 U.S.C. 1622(г)), националната вонредна состојба прогласена во Извршниот налог 13219 во однос на Западен Балкан се продолжува за една година – пишува во документот.
Се наведува дека ова известување ќе биде објавено во Федералниот регистар и ќе се пренесе до Конгресот.