Мал патнички авион со 43 лица се урна во езерото Викторија, Танзанија, при обид да слета на аеродромот во Букоба, објавија локалните медиуми.
Локалните власти соопштија дека 26 лица од авионот, кој полетал од главниот град Дар ес Салам, биле спасени и пренесени во болница.
– Успеавме да спасиме доста луѓе – изјави за новинарите командантот на полицијата во провинцијата Кагера, Вилијам Мвампагал.
Авионот се урна во езерото Викторија поради невреме и силен дожд. На видеата и фотографиите од местото на настанот се гледа како авионот за малку ќе потоне во езерото.
Распоредени се чамци за спасување, додека спасувачите ги извлекуваат затрупаните патници од авионот, а екипите за итна помош ги лекуваат повредените.
Танзаниската претседателка Самиа Сулуху Хасан повика на смиреност додека продолжува спасувачката операција.