Имран Кан (70) го обвини премиерот Шебаз Шариф и други претставници на пакистанската власт дека стојат зад заговорот за негов атентат, додека политичките тензии во Пакистан се засилени по оружениот напад врз поранешниот политички лидер, пишува „Фајненшл тајмс“.
Кан кој ја напушти премирската функција по гласањето за недоверба на неговата влада во април, беше застрелан во ногата откако оружениот напаѓач отворил оган врз отвореното возило во кое се наоѓал политичарот за време на вчерашниот митинг.
Генералниот секретар на партијата на Кан, Асад Умар, кажа дека поранешнот премиер ги изнел обвинувањата кога го посетил во болница по обидот за атентат.
Кан истакнал оти верува дека Шариф, министерот за внатрешни работи Рана Санаулах и генералот-мајор Фајзал Насир за вмешаност во нападот врз него, според Умар. Тој не пружил докази за неговите тврдења.
Кан исто така кажал дека поддржувачите на неговата партија треба да излезат на улични протести додека тројцата функционери што тој ги обвинува, не поднесат оставки.
– Бараме тројцата да заминат. Во спротивно ќе имаме протести ширум земјата – порача Умар.
Пакистанските власти и военото раководство ги негираат ваквите обвинувања и го осудија нападот врз Кан.
Премиерот Шариф му нареди на Министерството за внатрешни работи да го истражи инцидентот. Уапсен е осомничен, кој во видеоснимка објавена од полицијата, признава дека се обидел да го убие Кан бидејќи тој ги доведува луѓето во заблуда, како и дека дејствувал сам,
Обвинувањата ја влошија атмосферата во Пакистан кој има минато со напади врз политички лидери, при што постојат стравувања за насилна реакција. Поранешната премиерка на Пакистан, Беназир Буто, беше убиена од бомбаш-самоубиец во 2007 година.
– Како што се заострија политичките поделби во Пакистан, политичките ривали ја зголемија меѓусебната омраза. Оваа порака на омраза се прошири низ општеството – вели политичкиот аналитичар Хасан Аскари Ризви.
Кан минатиот петок покрена марш низ Пакистан со цел да собере поддршка за да го собори од власт премиерот Шариф и да издејствува предвремени избори.