Финската полицијата приведе 55 лица за време на протестот против ограничувањата воведени поради ковид и поскапувањето на бензинот, што се одржа пред зградата на финскиот парламент во текот на ноќта кон петокот и саботата, соопшти градската полициска управа.
Неколку стотици луѓе учествуваа на собирот наречен Конвој Финска 2022. Луѓето кои излегоа на булеварот „Манерхајм“ во петокот навечер го блокираа сообраќајот.
– Поради тоа, имаше значителни потешкотии во сообраќајот. Доцна вечерта полицијата почна да го расчистува булеварот од автомобили поставени како блокада од демонстрантите, кои се обидоа тоа да го спречат. По полноќ, полицијата нареди толпата да се растера – се вели во полицискиот извештај.
Полицијата повлекла десетици автомобили од булеварот „Манерхајм“ и привела 55 лица.
-Сите уапсени се осомничени дека дале отпор на властите – изјави високиот полициски комесар Јармо Хејнонен, пренесе МИА.