Анонимен маж со пакистанско потекло вчера влегол во турската амбасада во САД каде донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, јавува Си-ен-ен.
Оваа вест на Твитер ја пренесе пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
– Длабоко трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија – напиша пакистанскиот премиер на Твитер.
– Ова се толку величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите изгледи – додаде Шариф.