Американските тенкови „Абрамс“ пристигнаа во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Добри вести од министерот (за одбрана Рустем) Умеров. Тенковите „Абрамс“ се веќе во Украина и се подготвуваат да ги зајакнат нашите единици – објави Зеленски на својот канал на Телеграм.
Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека првите американски тенкови „Абрамс“ ќе и бидат доставени на Украина оваа недела.
Украинскиот претседател минатата недела соопшти дека Украина заедно со САД ќе произведува оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.