Мотивот на авторот да се напише статијата „Победата на популистите во ЕУ не треба да се изедначува со победа на радикалната десница и фашизмот“
Бев поттикнат да го дадам горниот коментар, токму од една прочитана статија во американскиот медиум „Њујорк пост“. Имено, тој отворено пишува дека „т.н. оживување на ’екстремната десница‘ е всушност само канализирање на раширениот и растечки гнев“ на обичните гласачи, „додека тие се фокусираат на прашања што естаблишмент-партиите во Европа одбија да го допрат“.
Во исто време, се наведува дека „глобалистите во Брисел со децении им ветуваат на граѓаните на Европа дека масовната имиграција нема да влијае на нивната култура и дека може да донесе масовен просперитет, дека зелената економија може да го отклучи економскиот просперитет и да ја спаси планетата, и дека стравовите од исламскиот тероризам се само расистички“.
– Политичката класа ја користеше секоја тактика на страв што ја имаше во ракав за да ги спречи Европејците да го забележат она што беше толку очигледно: дека ги губат сопствените земји – велат од „Њујорк пост“.
Во овој контекст се споменува и Германија. За неа, се вели дека „левиот центар на земјата и прогресивниот политички естаблишмент воведоа низа ужасни идеи повеќе од една деценија – од одлуката на Ангела Меркел да дозволи повеќе од 1,7 милион бегалци во земјата“, до амбициите на Шолц да поттикне „зелена економија“ што доведе до две години речиси нула економски раст.
Националистичка промена
Алтернатива за Германија, или АфД, бомбастична националпопулистичка партија, се појави од таа фрустрација во 2013 година. Поради неколку екстремистички изјави на нејзините лидери, целата партија беше под лупа, чие ниво ја засени секоја друга партија во Европа.
– Федералната влада ги истражи и ги казни со високи парични казни. Неколку истакнати политичари побараа нивна целосна забрана. И покрај сите овие контроверзии, АфД дојде на второто место кога Германците гласаа на парламентарните избори за Европската Унија, а анкетите покажуваат дека таа е најпопуларната политичка партија меѓу гласачите во поранешна Источна Германија, работниците, па дури и гласачите помлади од 25 години – се наведува во „Њујорк пост“.
Масовната имиграција и левичарската економија им го отежнија животот на германските граѓани и ги тераа да се чувствуваат како странци во својата земја. Во изминатите осум години, Макрон се претставуваше како лидер на про-ЕУ политиката низ целиот континент, наследник на Меркел. Сето ова време, тензиите тлееја поради инфлацијата, имиграцијата и зачувувањето на францускиот идентитет во мултикултурна земја. Ле Пен и нејзиниот штитеник Џордан Бардела имаа едноставна порака до Французите: гласајте за нас и ќе ја запреме масовната имиграција што ја уништува Франција и ја прави непрепознатлива за нејзините домородни граѓани.
Нов политички „центар“
Имаме храброст и луцидност да кажеме дека ако Франција стане сечија земја, таа повеќе нема да биде ничија нација, рече Бардела во последните недели од кампањата.
– Со дерегулацијата на миграцијата, тоталитарниот исламизам не само што им наредува на своите фанатици да се отцепат од француската република, туку и да ја освојат, за да ги наметнат нејзините закони и морал.
Националниот собир освои мнозинство гласови во секој регион на Франција, меѓу сите возрасни групи и во секоја категорија на работни места. Ако ништо друго, „екстремната десница“ е помејнстрим од таканаречените центристи во Франција – според „Њујорк пост“.
Во соседна Белгија, премиерот Александар де Кро ја објави својата оставка откако неговата партија помина лошо не само на изборите за ЕУ туку и на федералните избори. Во десетина земји низ Европа, парламентарните избори покажаа пораст на националистичките популистички кандидати.
Со приближувањето на федералните и регионалните избори во Франција, Германија и на други места, резултатите од изборите во ЕУ би можеле да бидат знак за натамошни пресврти што доаѓаат, заклучуваат американските медиуми.
Зоран Метер
(Геополитика њуз)