Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија сега ќе се подготви да ги напушти единствениот пазар и царинската унија на Европската Унија без нов договор за слободна трговија, обвинувајќи го Брисел дека одбива да обезбеди доволно добри услови.
Тоа би значело дека трговските односи со ЕУ ќе се одвиваат на ниво на правилата на Светската трговска организација.
Според некои информации, тоа е целта што ја посакуваше Џонсон.
– Обединетото Кралство мора да се подготви за неуспехот на трговските преговори со Европската Унија, освен ако суштински не го смени својот пристап – предупреди Џонсон.
Европската Унија е подготвена за нова рунда разговори со Лондон следната недела и ја смета изјавата на британскиот премиер за несериозна, изјави извор од Брисел.