Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не сака избори и ги повика пратениците да не ја поткопуваат британската преговарачка позиција со Европската Унија.
Во кратко телевизиско обраќање, Џонсон истакна дека не постојат околности под кои би прифатил ново одложување на брегзитот што треба да се случи на 31 октомври, пренесе АП.
Тој додаде дека парламентарниот потег за ограничување на неговите можности и барањето за ново одложување за брегзитот би ја уништило британската преговарачка позиција со Унијата.