Поранешниот американски претседател Џими Картер (94) денеска оцени дека Доналд Трамп е избран за претседател на САД поради вмешаноста на Русија во изборите во 2016 година, пренесува АП.
Картер смета дека целосна истрага за вмешаноста на Русија во изборите во Белата куќа ,,ќе покаже дека Трамп всушност не победил на изборите”. Тој верува дека Трамп ги загубил изборите и дека станал претседател ,,само затоа што Русите се вмешале во негова корист”.
Поранешниот американски претседател учествуваше на панел дискусија за донаторите на Картер центарот, а модераторот и историчар Џон Мичам го праша дали мисли дека ,,Трамп е нелегален претседател”.
Картер одговорил: ,,Врз основа на она што го реков, што не можам да го повлечам, би рекол дека е така”.