Односите помеѓу Европска унија и САД би можеле да бидат помалку драматични, изјави денеска претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер.
Неговата изјава е коментар на обидите на Вашингтон да постигне билатерални договори со земјите членки на ЕУ, а не со Унијата.
Јункер најави дека следниот месец ќе престојува во Вашингтон, каде ќе го изложи ставот на ЕУ за трговијата. Тој додаде дека е загрижен од обидите на САД да ја поделат Унијата.
– Треба да ја исклучиме драмата од нашите односи – посочи Јункер.