Американскиот претседател Доналд Трамп изнесе обвинувања дека се криела веста за ефикасната вакцина против коронавирус, за тој да не победи на изборите.
Имено, како што објави во новата серија твитови, компанијата „Фајзер“ и другите само чекале да завршат изборите за да најават откривање на ефикасна вакцина против коронавирус.
„Тие немаа храброст да го сторат тоа порано“, рече Трамп, додавајќи дека американската Агенција за лекови требала да го објави тоа порано не од политички причини, туку за да може да се спасат животи.
Тој додаде дека споменатата агенција и Демократската партија не сакале тој да забележи победа со откривањето на вакцината, туку чекале пет дена за да ја објават.
Како што се очекуваше, Трамп го спомна идниот претседател Бајден.
„Да беше Бајден претседател, немаше да имате вакцина уште четири години, ниту ФДА ќе ја одобреше толку брзо. Бирократијата ќе уништеше милиони животи”, рече тој.
Трамп, се разбира, не застана тука. Тој ги нападна и медиумите затоа што, како што рече, прогнозата на изборните резултати беше толку лоша што всушност претставуваше мешање во изборите и тие требаше да бидат отповикани поради тоа.