Полицајците во Словенија од денеска штрајкуваат со пишување мали казни за прекршоци што не загрозуваат јавна безбедност бидеjќи Владата не исполнува нивни барања за зголемување плати и подобрување на условите за работа.
Тој протест е наречен „бел штрајк“ и според полицискиот синдикат тој потег нема да ја загрози безбедноста на државните граници.
За време на штрајкот полицијата ќе интервенира за потребите на државата и граѓаните.
Според словенечки медиуми, со помалите казни полицајците намалуваат приходи во државниот буџет. Новиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар најави дека е подготвен да разговара со претставници на полицискиот синдикат за нивните барања.