Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер порача дека меѓународната политика влегува во „мрачна доба“, за што се одговорни светските сили САД, Русија и Кина.
– Денеска сведочиме на се поголемата деструктивна динамика во светската политика. Година по година се одалечуваме од целта, меѓународната соработка за мир во светот – рече Штајнмајер отворајќи ја безбедносната конференција во Минхен.
– Враќањето на националните интереси не води во слепа улица, во мрачни времиња – истакна тој пред светските лидери собрани во главниот град на Баварија.
За небезбедноста и недовербата во светот ги обвини САД, Русија и Кина.
– Нашиот најблизок сојузник САД, под сегашната администрација ја отфрла идејата за меѓународна заедница – додаде Штајнмајер.
За Русија рече дека воената сила и промената на границите во Европа повторно го сторила со политичко оружје. А Кина ја критикуваше дека меѓународното право го зема селективно, кога тоа и` користи на нејзините интереси.