Четири лица се повредени во престрелка што се случи во вечерните часови во Малме, трет по големина град во Шведска, соопшти полицијата.
Во краткото соопштение не е наведено каква е состојбата на ранетите.
– Нема причина за загриженост на јавноста по пукањето во Малме – велат од полицијата, која не соопшти кои биле мотивите за пукањето.