Парламентот во Грузија ја прекина работата на четири часа откако во објектот била испрскана супстанца со непријатен мирис. Претседателот на Парламентот, Арчил Талакваѕе, рекол дека се работи за хемиски напад.
Неколкумина се пожалиле дека им се слошило, но никој не е сериозно повреден, а полицијата отворила истрага.
Подоцна, учесник на граѓанското протестно движење „Шејм“ навел дека успеал да испрска антисептичка течност, која ја користат ветеринарите, за да ја наруши работата на парламентот непосредно пред гласањето за именување на судии на Врховниот суд, кои опозицијата ги нарече провладини судии.
– Сакавме да покажеме дека нашиот парламент смрди – рекол Нодар Рукхаџе, лидерот на движењето „Шејм“, кое соработува со демонстрантите, а кое се залага за пропорционален изборен систем.
Промената на системот е закажана за 2024 година, но опозицијата бара да се воведе порано.