На вонредна седница на австриската Влада, закажана за утре, Јоханес Хан повторно ќе биде именуван за австриски кандидат за функција во идниот состав на Европската комисија.
Австриската канцеларка Бригите Брилајн минатата недела најави дека официјална Виена ќе го предложи Хан за нов еврокомесар од оваа земја.
Ова би бил трет мандат на Хан во Европската комисија, каде веќе беше комесар за регионални прашања, а во актуелниот состав е комесар за проширување и соседска политика.
Сите австриски парламентарни партии ја најавија поддршката за именувањето на Хан.
Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), која првично беше воздржана, сепак, даде сосгласност откако тој се согласи целиот мандат да остане на местото комесар.
Австриските медиуми шпекулираат дека Хан најверојатно ќе го задржи ресосот за проширување и соседска политика.